Жени У-17: Убедлив пораз од Естонија (5:0)

114

Женската репрезентација на Македонија до 17 години, е поразена на гостувањето во Естонија во рамките до квалификациите со убедливи 5:0.

Победникот беше решен во првиот дел, кога Естонките имаа предност од 4:0, а во вториот дел со уште еден гол ја запечатија судбината на нашите млади фудбалерки.

Ова беше втор пораз за селекцијата до 17 години во групата, и дефинитивно ги загуби шансите за првите две места. Претходно загубија од Украина со 3:0, а во последното коло се среќаваат со Молдавија.

ПретходноМитревски му донесе победа на Порто во Букурешт
СледноЛига на конференции: Партизан и Рома со лесни победи