Никола Митревски му донесе на Порто нова радост во Лигата на шампионите. Со македонскиот репрезентативец мрежата на португалскиот тим дефинитивно е сигурна, особено во одлучувачките моменти.
Вечерва Митревски во самиот финиш против Динамо Букурешт ја запиша најважната интервенција, го спречи домаќинот да се извори за реми во последните секунди. Македонецот зад своето име запиша девет одбрани, најважната можете да ја видите во продолжение.
View this post on Instagram