Лига на Европа: Катастрофа на Фенер во Истанбул, џабе голот на Елмас кога Наполи загуби

258
Се одиграа неколку натпревари во Лигата на Европа, во кои забележани беа неколку интересни резултати. Елиф Елмас погоди во дуелот со Спартак Москва уште во 11. секунда, но залудно, кога неговиот тим на крај го загуби мечот со 2:3. Спартак стигна до пресврт од 1:3, а потоа Осимен погоди, но предоцна. Олимпијакос со три гола славеше на „жешкото“ гостување во Истанбул кај Фенербахче со 0:3. Изненадувачки резултат во Варшава каде што Легија го совлада Лестер со 1:0. Лион со 3:0 беше подобар од Брондби, а Ајнтрахт со 0:1 славеше на гости кај Антверпен. Реал Сосиедад и Монако одиграа 1:1, Спарта Прага го совлада Ренџерс со 1:0, додека ПСВ немаше проблеми и славеше на гостувањето кај Штурм со 1:4.
ПретходноЛига на конференции: Партизан и Рома со лесни победи
СледноОдби борба за титула затоа што не сака да се вакцинира: „Тоа не стоеше во договорот“