Фудбалската федерација на Лихтенштајн се пофали дека натпреварот против Македонија на 8 октомври во Вадуц ќе се игра на комплетно реновирана тревна подлога на нивниот национален стадион „Рајнпарк“.
Имено, на почетокот на летото оваа година, багерите биле ставени во функција на стадионот „Рајнпарк“ со што отпочнала санацијата на теренот. Опсежната програма за реновирање на стадионот кој е изграден во 1998 година, вклучува целосна замена на тревата и инсталирање на систем со кој ќе се спречи замрзнување на теренот во зимските денови.
Лихтенштајн освен со Македонија, во рамките на октомвриските квалификации за СП 2022 во нашата група на 11 октомври ќе игра и со Исланд,но на гостински терен.