ЛШ: Шкендија поразена, Хајдук ја покажа својата класа!

1025

Попладнево на ФФМ во Скопје, во првиот меч од првата рунда во младинската Лига на Шампионите, Шкендија е поразена од Хајдук со 0:2 (0:1). Ова е трет настап на Шкендија во младинската ЛШ и веројатно уште по првата рунда ќе доживее елиминација, посебно ако се знае дека реваншот се игра во Сплит на 20 октомври.

И покрај тоа што младиот тим на Шкендија беше засилен со Дашмир Елези, големиот талент на тетовци кој веќе е стандардн првотимец, тетовскиот тим едноставно не можеше да се носи со разиграниот млад тим од Хрватска. Целосна доминација, искреирани неколку шанси и постигнати два гола, и тоа преку Чујиќ во 29. и 56.минута.

Апсолутно заслужена победа на “билите“ кои одиграа навистина добар натпревар. Едноставно Хајдук ја покажа својата класа. Се разбира дека и во реваншот на свој терен ќе бидат апсолутни фаворити.

Па така во Шкендија може да се тешат дека ова е уште едно големо интернационално искуство на нивните млади фудбалери.

ПретходноШто се случува со “лавовите“: Три убедливи порази во серија…играта катастрофа!
СледноХаос во семејството на Роналдо: Сине, таа е со тебе само поради парите!