Невакцинираните спортисти на ЗОИ во Пекинг ќе мораат во тринеделен карантин

111

Спортистите и сите другите учесници кои не се целосно вакцинирани против Ковид-19 ќе мора да поминат 21 ден во карантин пред Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година, соопшти Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Првите луѓе на ИОК одржаа состанок со лидерите на Организацискиот комитет на ЗОИ Пекинг 2022 на кој домаќините ги информираа за принципите на кои ќе  ги организираат Игрите.

Сите правила и прописи ќе бидат детално опишани во првата верзија која ќе биде објавена кон крајот на октомври, а втората, финална, ќе биде објавена во декември.

Сите спортисти и учесници на Игрите кои се целосно вакцинирани ќе влезат во „балон“ по пристигнувањето во Пекинг, додека учесниците на Игрите кои не се целосно вакцинирани ќе мора да си поминат 21-дневен карантин по пристигнувањето во Пекинг. Организаторите на ЗОИ и ЗПОИ ќе ги прифатат сите вакцини признати од Меѓународната здравствена организација (СЗО), додека индивидуално ќе ги разгледаат случаите на спортисти кои имаат медицинско ослободување од вакцинација.

За разлика од ЛОИ во Токио, кои се одржаа без гледачи, на Зимските игри во Пекинг, билети ќе се продаваат исклучиво за гледачите кои живеат во Кина.

ПретходноЃоковиќ го откажа настапот на Индијан Велс
СледноЕ. Пелистер со два лански ривали повторно во иста група во ЕХФ Европската лига