Најдобриот кошаркар на светот, Српскиот интернационалец Никола Јокиќ стана татко. Неговата сопруга Наталија на свет донесе ќерка која доби уникатно име не така често во Србија.
Малото девојче ќе се вика Огнена. Во Србија Јокиќ во моментов не е омилена личност затоа што летово одби да се стави на располагање на репрезентацијата. Причината беше заморот. Сега веројатно барем малку кошаркарот ќе ги придобие фановите повторно на негова страна.