Никој како Лева: 18 последователни победи во ЛШ и неверојатни 60 гола на 70 натпревари!

204

Напаѓачот на Баерн (М), Роберт Левандовски стана првиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој победил на 18 последователни натпревари во најсилното европско натпреварување.

Ова се случи синоќа со победата на натпреварот од второто коло во групната фаза на Лигата на шампионите против Динамо Киев. На овој натпревар, полскиот напаѓач постигна два гола во победата од 5:0. Тој успеа да остави зад себе голманот на Баерн (М), Мануел Нојер кој има 17 последователни победи.

Исто така Левандовски синоќа стигна до неверојатната бројка од 60 постигнати гола за Баерн во 70 одиграни натпревари во ЛШ.

ПретходноИтен состанок во Барселона: Куман е веќе „поранешен“, но кој ќе се нафати да седне на негово место?
СледноПеле е подобар, денеска треба да излезе од болница