Тренерот на Барселона Роналд Куман останува на кормилото на каталонскиот клуб и покрај катастрофалниот пораз од Бенфика во ЛШ. Иако шпанските медиуми информираа дека после ова Куман нема да остане на клупата, но по итниот состанок на директорите одлучено е Холанѓанецот да остане да ја води екипата на мечот со Атлетико Мадрид претстојниот викенд.
Според некои извори, Куман ќе остане до мечот со Атлетико на „Метрополитано“ на 2 октомври, а потоа ќе има нов состанок на кој ќе се одлучи што понатаму.