Конечно добра вест од Бразил за легендата на светскиот фудбал, Пеле. Еден од најдобрите светски фудбалери низ историјата, беше хоспитализиран пред еден месец, а според последните вести, бразилската фудбалска легенда значително е подобар и ќе ја напушти болницата во следните 24 часа.
Неодамна, Пеле беше опериран поради тумор на дебелото црево, пред да биде примен на интензивна нега. Според она што го објави неговата ќерка Кели, легендата на светскиот фудбал е подготвен да си замине дома.
„Сега кога е посилен, треба да ја напушти болницата за да го продолжи закрепнувањето и лекувањето дома“, објавила неговата ќерка на Инстаграм.