На 8 октомври нашата репрезентација ќе му гостува на Лихтенштајн, во меч од 7.коло во групата Ј за пласман на СП во Катар 2022 година.
Селекторот на Лихтенштајн, Мартин Штокласа, денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета и тој меч, но и за наредниот со Исланд на 11 октомври.
Ова се 24 фудбалери кои се повикани од Штокласа.
ГОЛМАНИ: Б. Бухел, Ло Русо, Мајер. ОДБРАНА: Брандл, Гопел, Груненфелдер, Хофер, Кауфман, Малин, А. Максер, М, Максер, Спириг, С. Волфингер,Јилдиз. СРЕДЕН РЕД: М. Бухел, Фромелт, Хаслер, Мејер, Селе, Ф. Волфингер. НАПАД: Н. Фрик, Ј. Фрик, Кардезоглу, Салановиќ.
Инаку натпреварот Лихтенштајн – Македонија се игра во Вадуц на стадионот „Рајнпарк“, а почетотокот е закажан во 20:45 часот.