После 47 години браќа во репрезентацијата на Франција

563

Селекторот на Франција Дидие Дешамп го објави списокот на фудбалери за Ф4 на Лигата на нациите, а во него се играчи како Мањан, Рабио, Верету… а впечатливо е тоа што за првпат по речиси 50 години во националниот тим ќе има браќа. Тоа се Тео и Лукас Хернандез.

Франција ќе игра против Белгија во полуфиналето, а подобриот ќе оди на дуел со подобриот од мечот Шпанија-Италија.

Тео Хернандез е фудбалер на Милан, додека Лукас Хернандез е играч на Баерн Минхен.

Последен пат двајца браќа ги бранеле боите на Франција во 1974 година, а тоа биле напаѓачите Ерв и Патрик Равели. Инаку досега 10-пати се случило браќа да играат за Франција.

Кога сме кај списокот, ги нема Жиру, Манданда, Павар и Канте кој е позитивен на Ковид-19.

ПретходноМандариќ ја продал Олимпија на германски бизнисмен
СледноЕлмас погоди во 11. секунда за водство на Наполи против Спартак (видео)