Почна новата сезона во Евролигата: Шампионот поразен од Реал Мадрид

204

Вечерва почна новата сезона во кошаркарската Евролига, а со пораз тргна европскиот првак Анадолу Ефес кој доживеа неуспех на гости кај Реал Мадрид со 82:69.

„Кралевите“ одиграа одличен меч, и после првата четвртина имаа предност од 17 разлика. Често разликата изнесуваше и 20 поени, а на крајот домашниот тим славеше со 13 разлика.

Монако на свој паркет го совлада Панатинаикос со 75:63. Макаби Тел Авив беше подобар од Баерн со 69:68, додека Милано ја совлада ЦСКА со 84:74.

ПретходноРистовски и Адеми триумфираа со Генк на гости, Црвена Звезда со три бода од Разград (ВИДЕО)
СледноНекогашниот голгетер на Ливерпул потпиша за австралиски Перт Глори