Селмани – “бомбардерот“ на Ренова: Секоја шанса во битката за титулата ќе ја користиме!

271

Во мај екипата на Ренова едвај се спаси, секунди ја делеа од испаѓање, но затоа во новата сезона четата на стратегот Ќатип Османи, барем засега, е најпријатното изненадување. Заедно со Шкупи е на делба на првото место по 8.коло. Освои 17 бодови а Ремзифаик Селмани се чини игра во животна форма. Седум голови, неколку асистенции, креирани шанси.

Едноставно Селмани е “бомбардерот“ на Ренова.

Само да се потсетиме каква партија пружи против Брегалница и каков фантастичен гол постигна од слободен удар.

На листата на стрелците пред него е само Мартин Мирчевски од А. Пандев кој има осум голови.

Засега добро ми оди, одлично се чувствувам. Играм добро и добро е што шансите ги користам. Се разбира дека го почитувам Мирчевски, како и и сите останати, но се надевам дека на крајот јас ќе бидам тој што ќе биде прв стрелец во Лигата“ вели за Спортмедиа најдобриот фудбалер на Ренова.

Рековме веќе, Ренова има идентичен биланс со Шкупи, чаирчани имаат само два гола повеќе, затоа и се лидери а “гипсарите“ се втори.

Дали оваа Ренова имаа амбиции да ја врати титулата по цели 11-12 години во своите витрини.

Ние како клуб, како екипа, пред стартот на сезоната потенциравме дека нашите амбиции се излез во Европа, дали преку Купот или првенството, сеедно. Така да многу не се оптоваруваме во битката за тоа прво место. Ние ќе настојуваме од меч во меч да играме се подобро и подобро, а ако ни се укаже шанса секако дека ќе ја зграпчиме. Оваа сезона ќе биде многу интересна, има неколку кандидати за првото место“ констатира Селмани.

Од Ренова во последно време се прават и тоа како трансфери, само да потсетиме на Влатко Стојановски и Бојан Миовски. Дали Селмани во јануари е следниот?

Па, искрено не знам. Засега нема нешто конкретно. Интерес има, но тоа е далеку од трансфер. И искрено многу не размислувам. Во моментов сум фудбалер на Ренова и сакам на мојот актуелен клуб да му дадам се она што можам. Сум бил во странство, во Ујпешт, во Лапи, и ако искочи нешто секако дека заедно со клубот ќе размислуваме на таа тема. Сепак јануари или јуни се далеку, сега приоритет ми е да продолжам со добрите игри и голови“ заврши Селмани.

ПретходноСуарез му подготвува одмазда на Куман!
СледноПознат списокот на Лихтенштајн за дуелот со Македонија!