Во сабота се игра големото дерби во Ла Лига меѓу Атлетико Мадрид и Барселона. Луис Суарез, екс напаѓачот на Барселона а сега член на „јорганџиите“, му подготвува одмазда на Роналд Куман кој доби шанса да ја води Барса и на ова дерби.
Инаку Суарез не крие дека и натаму е гневен на одлуката на холандскиот тренер кој просто го избрка од клубот.
“Куман ме третираше како да имам 15 години, велеше дека јас сум бил штетен за соблекувалната, за атмосферата во тимот. Потоа ме прати да тренирам одвоено од другите. Да, сакам победа во дербито на Атлетико Мадрид, сакам да постигнам гол но нема да прославувам поради мојата почит кон Барселона а не кон Куман“ изјави денеска Уругваецот кој за каталонскиот клуб настапи на 283 натпревари и постигна 198 голови.