УЕФА потврди: Врањеш не смее да игра со спорната тетоважа

284

Дефинитивно босанскиот интернационалец Огнен Врањеш ќе мора да стори нешто околу неговата спорна тетоважа која го претставува ликот на контроверзниот историски лик од Србија, Момчило Џујиќ.

УЕФА донесе одлука која се однесува на овој момент и му наложува на Врањеш да ја покрие на било каков начин тетоважата кога игра меѓународни мечеви. Тој во моментов е дел од тимот на грчки АЕК, а според неговите некогашни изјави тој нема намера ама баш ништо да направи во врска со ова.

Очигледно дека ќе следуваат казни и за него и за клубот, во моментот кога тој ќе се појави на терен. Поради низа скандали тој беше исфрлен и од репрезентацијата на БИХ.

 

ПретходноДибиров е третиот најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампиони
СледноКачески на центарот на Чаир