Флик утре со списокот: Германија во Скопје без Гундоган, Хумелс, Госенс…

250

Како што пренесуваат медиумите во Германија, селекторот на најдобрата фудбалска репрезентација на таа земја, Ханси Флик утре ќе го објави списокот на играчи на кои ќе смета за дуелите со Романија (8 октомври) и Македонија (11 октомври).

Секако дека за нас е поинтересно тоа што ќе се случува на 11 октомври во Скопје, па затоа со нетрпение го чекаме утрешниот ден и списокот на Флик.

Сепак уште сега се знае дека поради повреда на него нема да биде Илкај Гундоган од Манчестер Сити, потоа ќе го нема ни фантастичниот лев бек на Аталанта, Робин Госенс кој вчера во ЛШ се повреди. Исто така нема да биде повикан Матс Хумелс од Борусија Дортмунд. Флик нема да смета ниту на Махмуд Даху исто од Дортмунд.

Добра вест за селекторот Флик е што во селекцијата се враќа голманот Марк – Андре тер Штеген од Барселона, а тоа значи дека местото ќе го загуби Кевин Трамп.

ПретходноДе Јонг: Отпуштањето на Куман нема да ги реши проблемите
СледноЕвертон и Ливерпул во битка за напаѓачот на Порто