Ѓоковиќ го откажа настапот на Индијан Велс

89

Светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на турнирот од Мастерс серијата во Индијан Велс кој е на програмата следниот месец, соопштија организаторите.

“Многу ми е жал што нема да можам да ги видам моите обожаватели во Индијан Велс и да играм во пустината, едно од моите омилени места. Се надевам дека ќе се видиме следната година!”, изјавил Ѓоковиќ.

34-годишниот Србин кој загуби од Русинот Даниел Медведев во финалето на УС Опен и ќе биде уште една sвезда која се повлекува од турнирот по шампионката од 2018 година, Наоми Осака, женскиот светски рекет број еден Ешли Барти и поранешната најдобра светска тенисерка, Серена Вилијамс.

ПретходноЛихтенштајн постави комплетно нова трева на „Рајнпарк“ стадионот за дуелот со Македонија
СледноНевакцинираните спортисти на ЗОИ во Пекинг ќе мораат во тринеделен карантин