Голот на Елмас е најбрзиот во Лига Европа!

1292

Наполи поведе во дуелот со Спартак Москва во рамките на 2. коло на групната фаза на Лига Европа, а голот падна во 11-тата секунда. Стрелец македонскиот интернационалец Елиф Елмас кој се најде на вистинското место по една одбиена топка од противничкиот голман и ја погоди мрежата.
Тоа е најбрзиот гол што го реализирала една италијанска екипа во Лига Европа и уште пошироко, тоа е најбрзиот гол во Лига Европа воопшто. Изедначен е претходниот рекорд на Jaн Сикора од Слован Либерец кој даде гол во 11. секунда во септември 2016 година.

ПретходноЕлмас погоди во 11. секунда за водство на Наполи против Спартак (видео)
СледноАрсенал го нуди Лаказет на Милан