Тимот на Барселона е во ужасна резултатска ситуација во моментов. Синоќа Каталонците во рамките од Лигата на Шампионите загубија со 3:0 на гостувањето кај Бенфика, што ја крена температурата на Камп Ноу на максимум што се вели.
Се бара оставка односно смена на Роналд Куман, актуелниот тренер, тоа веројатно и ќе се случи, но во таборот на Барселона има и такви кои сметаат дека евентуалното заминување на Куман нема да ги реши проблемите.
“Мислам дека промената на тренерот не е решение. Не можам да зборувам за Куман бидејќи тоа не е моја работа. Ние само треба да продолжиме да се бориме, да останеме обединети и да ја надминеме оваа ситуација. Можеме да излеземе само со напорна работа. И да се обединиме како вистински тим “, рече играчот за врска Френки де Јонг.
Куман веќе рече дека играчите се позади него и го поддржуваат, но додаде дека не знае дали Бордот го чувствува истото и по натпреварот против Бенфика. “Како што ви кажав пред некој ден, за мојата иднина, не можам да кажам ништо конкретно. Бидејќи не можам да знам што мисли клубот. И не сакам да одговорам на повеќе прашања за тоа, бидејќи тоа не е во моја работа“ – рече Куман по вчерашниот меч.