Дибиров е третиот најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампиони

225

По вчерашниот дуел меѓу Вардар 1961 и Алборг дојде до промена на вечната листа на стрелци во Лигата на шампиони. На третото место во овој поредок меѓу најдобрите бомбардери во ова европско натпреварување се најде Тимур Дибиров.

На дуелот со Алборг постигна шест гола и стигна до бројката од 971 погодоци во Лигата на шампиони.

На врвот и натаму е нашиот Кирил Лазаров, кој има 1462 гола, иако тој ја одигра последната сезона, сепак тешко дека некој ќе го стигне. Никола Карабатиќ е зад него со 1091 гол.

ПретходноДодека даваше изјава, Ракитиќ ќе добиеше шише во глава (ВИДЕО)
СледноУЕФА потврди: Врањеш не смее да игра со спорната тетоважа