Кристијано: Затоа се вратив, многу ми недостасуваше овој клуб

516

Херојот за Манчестер Јунајтед на вчерашниот меч од Лигата на Шампионите против тимот на Виљареал Кристијано Роналдо, кој погоди за триумф од 2:1 95. минута, изјави дека ваквите емотивни моменти го натерале да се врати на „Олд Трафорд“. Според него, оваа победа била исклучително важна бидејќи ја отвора вратата за пласман во елиминациската фаза од Лигата на шампионите.

„Затоа се вратив. Многу ми недостасуваше овој клуб. Имам приказна со него и сакам да ја повторам. Сакам да им се заблагодарам на сите фанови, не само за мене, туку и за помошта на целиот тим, што е многу важно, особено оваа сезона. Ако не ги освоивме трите бода против Виљареал, ќе беше многу тешко да се преселиме во следната фаза. Сепак, сега се е можно и веруваме дека можеме да продолжиме “, изјави Кристијано Роналдо.

ПретходноВујовиќ: Наш најголем противник е Бутел Скопје!
СледноДодека даваше изјава, Ракитиќ ќе добиеше шише во глава (ВИДЕО)