Американскиот боксер Брајан Џенингс одлучи да се откаже од борбата за титулата во ВБЦ бриџер категоријата против Оскар Ривас. Џенингс и Ривас беа одбрани како боксери кои ќе се борат за појасот на новоформираната категорија, но Џенингс се откажа. Инаку борбата требаше да се одржи на 22 октомври.
Причината е што Џенингс не сака да се вакцинира и не сака да оди во карантин кој е неопходен за сите кои влегуваат во Канада каде што требаше да се одржи натпреварот.
„Вакцинирањето не беше во планот, а ниту во договорот. Не можете туку така да измислувате правила“, изави Џенингс.
Правилата за карантин во Канада се ригорозни, 14 дена без излегување што значи и без тренинзи надвор или во сала. Тој се откажа, па ќе видиме дали Ривас ќе добие нов противник.
14 days quarantine no trainer, no gym, no running, no last week of sparring, no sunlight, whatever food available, and I don’t get out of quarantine until the 21st which is the day of the weigh in. How can that work for a world class fighter fighting 12 rounds!
— B.Y (@BYJennings) September 28, 2021