Што се случува со “лавовите“: Три убедливи порази во серија…играта катастрофа!

745

Пред стартот на сезоната, засилената Македонија ЃП се најавуваше како екипа која може да им ги расипе сметките на фаворизираните Шкендија и Шкупи. И некаде до 5.коло момците на тренерот Александар Таневски играа и вака и онака што се вели. Беа горе на табелата.

Но затоа во последните три кола катастрофа. Три порази во серија, постигнати само еден гол и примени 9 голови.

Прво Академија Пандев во Струмица си поигра со тимот од Ѓорче со 4:1, потоа Работнички на нејзин терен ја победи Македонија ЃП со 2:0, за да во неделата Тиквеш со 3:0 ги “прегази“ ѓорчепетровци.

А се требаше да биде поинаку, тимот и тоа како се засили со Крстовски, со Сефери и со уште неколку други имиња, квалитетот остана од минатата сезона, се требаше да биде подобро.

Сега веќе нема шега, ако Македонија ЃП не почне да победува ќе биде лошо, и тоа како лошо. За задутре во Ѓорче доаѓа разиграната Ренова која и тоа како ќе и направи проблеми на екипата која во изминатите осум кола дури петпати е поразена.

Неверојатно…

ФОТО: ФК Македонија ЃП ФБ

ПретходноЛига Европа: Дијамантот против Спартак Москва, Адеми и Ристовски на гости кај Генк!
СледноЛШ: Шкендија поразена, Хајдук ја покажа својата класа!