Алиоски и по седмото коло без победа во Саудиска Арабија

748

Македонскиот репрезентативец, Езџијан Алиоски и неговиот тим Ал Ахли, и по седмото коло во фудбалскиот шампионат во Саудиска Арабија не успеаја да дојдат до првата победа оваа сезона.

Ал Ахли го запиша вториот пораз, откако на гостувањето кај лидерот Ал Итихад беа совладани со 2-0.

Алиоски беше во стартниот состав на својот тим, го одигра целиот натпревар. Во 28. минута заработи жолт картон.

По седум меча Ал Ахли има скор од пет ремија и два порази, се наоѓа на 13. место на табелата.

ПретходноМакедонецот во фантастична форма, дербито во Кипар за АЕК Ларнака (ВИДЕО)
СледноВилијамс нов рекордер во Ла Лига