Третиот кам-бек на Веселин Вујовиќ на клупата на Вардар 1961 засега се покажа како полм-погодок. Иако многумина беа убедени дека тој не е вистинско решение, а вакво мислење делеа и дел од играчите, сепак на теренот производот е одличен.
Вујо добро ги држи конците, а за тоа говорат петте освоени бода и делбата на лидерската позиција во групата А заедно со Пик Сегед.
Тренерот на Вардар 1961 секогаш е интересна тема, а со него разговорите носат уште поинтересни изјави.
„Ги победивме Данците кои понекогаш мислат дека го измислија и животот и ракометот. Нив ги победив и со Загреб, мислам дека тоа е последната победа…Минатата година играа без публика, што пак е полесно, а сега не знаеја каде се, на која страна „удираат“, иако на трибини беа само 2.500 луѓе поради пандемијата. Ја гледав нивната средба со Загреб и оние цепелини кои ги правеа на +10, тоа ме мотивираше да им покажам дека не може тоа така да се прави. Одигравме навистина добар натпревар“, вели Вујовиќ за „спортске новости“.
Тој одново говореше за Едуардо Гурбиндо, како и за браќата Њокас.
„Гурбиндо беше нездоволен, па замина за Романија. Почна да измислува работи, па ги најдовме браќата Њокас кои не ги планиравме. И, ете, бев миленик на среќата, добив два врвни играчи, кои мислат дека шутот секогаш е најдобро решение, но мора да бидат под контрола. Сега имаме мирна и добра ситуација. Публиката ни ги крена амбициите, но ние не сме фаворити со секого. Цврсто стојам на земја, свесен сум дека ова е само еден добар почеток“, додаде Вујо.
Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.