Кинезите се многу слаби за да играат на хокеарскиот турнир на ЗОИ 2022!

191

Иако се домаќини на Зимските олимписки игри следната година, Кинезите може да бидат спречени да настапат со своја репрезентација на машкиот хокеарски олимписки турнир. Како што објави првиот човек на Светската хокеарска федерација, Лук Тардиф, Кина има „недоволен спортски стандард“, за да може да влезе во друштво на олимписките хокеарски репрезентации.

Кина автоматски се квалификуваше за турнирот во хокеј на мраз во Пекинг 2022 година како домаќин, но Тардиф ја искажа загриженоста за можноста домашниот тим да биде „топовска храна“ за противниците на сите нивни натпревари, а влијанието што тоа би го имало на турнирот и врвниот хокеј во целина ќе биде катастрофално.

Тардиф, кој го наследи Рене Фасел како претседател на ИИХФ по победата на изборите во саботата (25 септември), рече дека одлуката за учеството на Кина на машкиот турнир во хокеј на мраз на Игрите ќе биде донесена следниот месец.

ПретходноСо сите нишани: Кире Лазаров од денеска е со „Мастер-коуч“ тренерска лиценца на ЕХФ
СледноУ17: Јакимовски го објави списокот за квалификацискиот турнир во Р. Ирска