Големиот инцидент кој се случи за време и по мечот од босанскиот шампионат помеѓу екипите на Вележ и Борац Бања Лука одигран во Мостар полека добива правен епилог. Нападнатите делители на правдата на мечот, кои беа нападнати потоа и беше опожарено нивното возило дадоа во своите изјави конкретни насоки околу тоа што и како се случувало во моментот на нападот, па благодарение на тоа, денеска се во Мостар се уапсени тројца навивачи на Вележ.
Претходно веќе едно лице беше уапсено и е лишено од слобода, а сега бројката се зголемува на четорица. Овој скандал сериозно ја потресе босанската јавност затоа што многу лесно можеше да се случи некој од судиите да го загуби животот или пак сериозно да биде повреден. Нивното возило беше тотално уништено, поради фрлени факели во него.