Вардар почна со продажба на билети за следните три меча во ЛШ со Монпелје, Кил и Пик Сегед

178

Со цел да им се овозможи на навивачите навреме да обезбедат билет за некој од следните три домашни натпревари во ЕХФ Лига на шампионите, РК Вардар 1961 од денеска најави дека стартува продажбата на поединечните билети за средбите против Монпелје, Кил и ПИК Сегед.

* Првиот меч Вардар го игра против Монпелје на 13 октомври во 20,45 часот.

* Вториот дуел е против Кил на 27 октомври во 20,45 часот

* Третиот меч е против ПИК Сегед на 25 ноември 2021 година со почеток во 20,45 часот.

Сите три натпревари се закажани за во СЦ „Јане Сандански”, а како и за досегашните дуели со Мешков Брест и Алборг, дозволено е користење на 30% од капацитетот на салата, што значи дека и за следните средби ќе има максимум 1800 навивачи.

Продажбата на билетите ќе се врши онлајн на www.kupikartizase.com и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија. Цените ќе се движат од 250 до 450 денари.

ПретходноЖестоки пресметки на фановите на Олимпик и Галатасарај, настрадаа тројца полицајци (ВИДЕО)
СледноМеси ограбен во хотел во Париз!