Во недела на Чаир од 15 часот се игра дербито меѓу старите скопски ривали Шкупи и Работнички. Тоа е дербито на 9.коло во ПМФЛ, тоа е дуел меѓу едни од најголемите наши клубови и тимови кои оваа есен играат добро, Шкупи е и лидер.
Во Работнички атмосферата е добра, работна, тимот се спрема за дербито на Чаир.
Исто се спрема и тренерот Александар Влахо, кој пред извесно време му беше асистент на Гоце Седлоски, стратегот на Шкупи, во неколку клубови. Влахо е спремен за гостување, ќе видиме како Седлоски ќе го пречека.
Инаку ова ќе биде втор официјален тренерски дуел меѓу Седлоски и Влахо. Првиот, кој се одигра на 24 април оваа година, го доби Седлоски со 2:0.
Да видиме дали Влахо овојпат ќе “извлече“ подобар резултат на мечот против својот некогашен „шеф“ и пред се долгогодишен соработник, а сега лут ривал.
ФОТО:Fk Rabotnicki facebook