Жестоки пресметки на фановите на Олимпик и Галатасарај, настрадаа тројца полицајци (ВИДЕО)

261

Тројца полицајци беа повредени во немирите кои избувнаа на трибините синоќа во Марсеј за време на натпреварот од Лигата на Европа меѓу Олимпик Марсеј и Галатасарај.

Натпреварот мораше да биде прекинат околу осум минути на крајот од првото полувреме бидејќи гледачите во секторот на Галатасарај почнаа да фрлаат разни предмети. Меѓу другото латаа и димни бомби и разна пиротехника.

Судири, исто така, избија меѓу групите ривалски навивачи.

Натпреварот претходно беше означен како меч од висок ризик, па на навивачите на Галатасарај им беше забрането патување во Марсеј од Турција.

Меѓутоа, клубот од Истанбул има илјадници фанови низ цела Европа, и тие успеаја да најдат начин како да бидат на трибините на „Стад Веодром“.

ПретходноСимонс и Филаделфија во војна: Попрво ќе ја прекинам кариерата, отколку да играм за нив!
СледноВардар почна со продажба на билети за следните три меча во ЛШ со Монпелје, Кил и Пик Сегед