Клоп без Александер-Арнолд и Алкантара за супер-дербито со Манчестер Сити

112

Трент Александар-Арнолд ќе мора да го пропушти големото англиско дерби овој викенд меѓу Ливерпул и Манчестер Сити поради повреда. Тој е второто стандардно име во првиот тим на Клоп кој нема да биде во составот за овој исклучително важен меч и за двата тима, откако „црвените“ веќе една недела се и без Тиаго Алкантара.

Дефанзивецот на „црвените“ доживеа повреда на препоните за време на тренинг во понеделникот и го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите во вторникот против Порто. Клоп откри дека 22-годишниот фудбалер нема да игра против Сити на „Енфилд“ и засега не е познато колку точно ќе му треба за комплетна рехабилитација.

ПретходноУ17: Јакимовски го објави списокот за квалификацискиот турнир во Р. Ирска
СледноЅверот Митревски ја има најдобрата одбрана во ЛШ, зад него е Борко Ристовски (ВИДЕО)