Познато е дека Даниел Крег, британскиот актер за последен пат го глумеше Џејмс Бонд во филмот “Не е време за умирање“, чија премиера ја имаше пред неколку денови. Па така сега мора да се избере нов актер кој ќе ја игра оваа престижна улога.
Џејми Карагер, легендата на Ливерпул, го запраша самиот Крег дали мисли дека Јирген Клоп е човекот кој може да го наследи.
“Со оглед на тоа колку го почитувам, апсолутно. Сепак јас тука морам да го споменам и Алекс Фергусон. И тој бил супер во улогата на Џејмс Бонд. Можеби не би требало ова да го кажам, но токму Алекс е бондовски тип, водач, лидер“ изјавил Крег.
Се разбира за ова свој коментар имал и самиот Клоп.
“Јас Џејмс Бонд!? Може да замислите како јас во излегувам од вода во гаќички, е тогаш цел свет ќе се преврти“, искоментира стратегот на Ливерпул.