АЕК Ларна излезе како победник од дербито на 5. коло во кипарскиот шампионат против Аполон. На гостински терен тимот на Иван Тричковски славеше со 1-4 и дојде на само еден бод до Аполон, кој е лидер на табелата.
Македонскиот фудбалер и овој пат беше во центарот на вниманието. Постигна два гола, односно дојде до бројката од шест погодоци оваа сезона.
Првиот го реализираше на самиот почеток, во 4. минута донесе водство од 0-1, додека во 52. минута стрелаше за 0-3.
Погодоците на Тричко можете да ги видите на следниот ЛИНК.
ФОТО: AEK Larnaca