Мкедонскиот младински репрезентативец и член на тимот на Брегалница, Јован Манев во пресрет на новото коло во домашниот шампионат, во кој Штипјани ја пречекуваат Струга Трим Лум на домашен терен, смета дека пред се мора да биде заборавен мечот против Ренова и поразот од 5:2, и дека мислите треба да бидат вперени кон она што следува.
„Сакаме против Струга ТЛ да се вратиме на победите. Зад нас останува дуелот со Ренова, утврдени се грешките и изминативе денови завршени се анализите од натпреварот, па сега комплетно се концетрираме на пресметката со една од најдобрите екипи во лигата. Максимално го респектираме тимот на Струга ТЛ но знаеме и веруваме доколку одиграме на високо ниво дека можеме до трите бода“ – вели Јован Манев.
Мечевите од домашниот шампионат се играат утре со почеток во 15:00 часот.