Легендата на Барселона и актуелен играч на ПСЖ, Лионел Меси бил жртва на грабеж! Крадци украле илјадници евра во пари и вредни предмети од неговата соба во хотелот „Ле Ројал Монсо“во Париз.
Според англиските изданија, група луѓе се качиле по скалите од надворешната страна на зградата и влегле преку покривот преку отворена балконска врата. Четири други соби, исто така, биле цел на крадците кои одзеле скапоцености вредни илјадници евра.
Полицијата потврди дека двајца мажи се фатени на камерите како „оперираат“ на покривот на хотелот, но не можеле да се идентификуваат.