Неверојатно: Добил повик од двете репрезентации кои ќе играат меѓусебе!

591
0

Во неверојатна ситуација се најде младиот фудбалер на Олимпик Лион, Јанис Лагха. Имено тој доби повик од фудбалските федерации на Франција и Алжир, да се јави на собирот на У-18, и од едната и од другата.

Најинтересно е тоа што овие две селекции треба да се сретнат меѓусебе и тоа во пријателски меч наредниот викенд.

Сега останува самиот Лагха да одлучи за која репрезентација ќе настапи, за Франција или за Алжир.

Дали е чиста случајност или пак намера од едната федерација да го „украде“ големиот талент на Лион останува да се види.

Пред Лагха е голема енигма која мора самиот да ја разреши.

ПретходноВлахо се спрема за гостување кај Седлоски!
СледноТричковски растура, два гола во 48. минути (ВИДЕО)