Некогашниот голгетер на Ливерпул потпиша за австралиски Перт Глори

289

Некогашниот напаѓач на Ливерпул, Даниел Стариџ потпиша за австралискиот клуб Перт Глори. Договорот со 32-годишниот англиски фудбалер важи до 30 јуни 2022 година.

Стариџ е слободен агент од март 2020 година. Неговиот последен клуб беше турски Трабзонспор. Договорот му беше раскинат со заеднички договор на двете страни. Стариџ беше суспендиран до 17 јуни 2020 година за кршење на правилата за обложување.

Покрај во дресот на Ливерпул, Стариџ го носеше дресот и на Манчестер Сити, Челзи, Болтон, Ливерпул и Вест Бромвич Албион. За репрезентацијата на Англија одигра 26 натпревари и постигна 8 голови. Од средината на летото, тренираше со шпанска Мајорка.

ПретходноПочна новата сезона во Евролигата: Шампионот поразен од Реал Мадрид
СледноСпалети не знаеше кој е тренер на Спартак (М) за да му честита (ВИДЕО)