Оливие Њокас во тимот на колото во ЛШ (ВИДЕО)

147

По Кевин, и неговиот брат Оливие Њокас се најде во тимот на колото во Лигата на шампиони.

Оливие Њокас е прогласен за најдобар лев за третата рунда во најсилното европско клупско натпреварување. Со седум гола беше најефикасен во таборот на Вардар 1961 во триумфот над Алборг, втор оваа сезона.

Македонскиот првак на мини паузата оди со пет бода, ја дели првата позиција со Пик Сегед во групата А.

Следниот меч во ЛШ, Вардар 1961 го игра на домашен терен против Монпеље на 13. октомври.

ТИМ НА ТРЕТОТО КОЛО ВО ЛШ (ВИДЕО) 

ГОЛМАН – Родриго Коралес (Веспрем)

ЛЕВО КРИЛО – Хуго Дескат (Монпелје)

ЛЕВ БЕК – Оливие Њокас (Вардар 1961 )

СРЕДЕН БЕК – Килијан Вилјемино (Монпелје)

ДЕСЕН БЕК – Иманол Гарсиандиа (ПИК Сегед)

ДЕСНО КРИЛО – Гаспер Маргуч (Веспрем)

ПИКЕР – Виктор Итуриза (Порто)

ПретходноИнтер е шампион, и во Серија А, и во загубата
СледноТурците велат, Аврамовски се сели во Динамо Букурешт