Олимпијакос ја декласираше Басконија, Звезда падна во Истанбул кај Ѓорѓевиќ

462

Кошаркарите на Олимпијакос со одлична игра против Басконија ја отворија новата сезона во Евролига. Грчкиот тим на домашен терен славеше со убедливи 75-70 во меч кој беше решен многу порано, гостите имаа негатива од 29 поени уште во втората четвртина.

Везенков со 16 поени беше прв стрелец ка победникот, 11 поени имаше Фал, додека Слукас реализираше 10 поени.

Кошаркарите на Црвена Звезда без петмина кошаркари беа поразени од Фенербахче на гостински терен со 61-57. Турскиот тим силно го отвори мечот, на другата страна гостите во првите шест минути не можеа да постигнат ниту еден поен, беше 12-0. Сепак „црвено-белите“ успеаја да се вратат и да му создадат проблем на Саша Ѓорѓевиќ во првото коло од Евролига, но немаа сили за пресврт.

Дајшон Пиер беше предводник на Фенербахче со 13 поени и 4 скока, додека Никола Ивановиќ со 16 поени и 6 асистенции беше прво име на другата страна.

Асвел во Лион славеше против Жалгирис со 88-76. Мечот беше отворен до средината на третата четвртина, кога домаќинот влезе во серија и дојде на 20 поени разлика. Најзаслужен за ова беше Окобо со 23 поени.

Претходно Зенит го доби дуелот со Уникс Казан со минимални 69-70.

ПретходноПрв пораз за Бајиќ во АБА-лига
СледноВујовиќ: Данците мислат дека го измислиле ракометот, ме испровоцираа со цепелините на плус 10!