Дефанзивецот на Бенфика, Николас Отаменди, кој немаше по заминувањето од Манчестер Сити се одлучи да ја продолжи кариерата во Португалија, се пошегува со младата ѕвезда на барселона Ансу Фати на мечот во средата од Лигата на шампионите во која Барселона загуби убедливо на гостувањето во Лисабон со 3:0.
18-годишниот напаѓач кој дојде од академијата „Ла Масија“ се етаблираше како играч од првиот тим, па дури и оваа година го доби дресот со број 10 кој го носеше Лео Меси.
Но, дека Фати има уште многу да работи, ако се надева дека ќе ги повтори успесите на поранешните великани кои го носеле тој дрес во Барселона, му покажа и Отаменди кој во една ситуација во финишот на мечот кога Фати грубо го фаулираше му дофрли: „Дечко ти мислиш дека си Лео?“