Грег Попович нема повеќе да биде селектор на кошаркарската репрезентација на САД. ТОј се повлекува и на негово место јавноста веќе го постави Стив Кер како наследник.
Американците секогаш биле и ќе бидат кошаркарски светски лидери и репрезентацијата секогаш им била нешто посебно. НБА звездите горе долу веќе се приспособија на начинот на функционирање на националните селекции, дека во принцип мора да бидат ангажирани во текот на летото, кога нив им шампионатот им е во прекин и кога имаат слободно, а со самото тоа и во голема мера им ја олеснуваат задачата на селекторите да склопат тим кој ќе се „прошета“ на било кое натпреварување.
Поповоч се повлекува по олимпиското злато освоено во Токио летово.