Утревечер во 21 часот на “Ванда Метрополитано“ во Мадрид се игра големото дерби во Ла Лига меѓу Атлетико Мадрид и Барселона. Во пресрет на тој меч свој коментар на денешниот прес имаше стратегот на „јорганџиите“ Диего Симеоне.
“Суарез, Феликс и Гризман можат да играат заедно, и тоа ми се допаѓа, апсолутно. Знам дека Суарез ќе има дополнителен мотив и ние се ќе сториме да му овозможиме да постигне гол. За мојот колега Куман сакам да кажам дека го почитувам, тој покажа карактер и му посакувам се најдобро. Интересно, ова ќе биде за првпат да играме против Барселона без Меси, ќе видиме утре како ќе изледа тоа“ рече покрај другото тренерот на Атлетико.