Во пресрет на викенд дербито меѓу Атлетико (М) и Барселона, некогашниот голгетер на Каталонците, Луис Суарез му порача на главниот кандидат за нов тренер на Барселона, Чави, добро да размисли дали сака да седне на клупата на гигантот во овој момент. Пред две години Суарез беше принуден да го напушти „Камп Ноу“ иако имаше одлични сезони зад себе.
Тој го предупреди својот пријател и поранешен соиграч Чави да не ја прифати поканата на Барселона и да не седнува на клупата на Каталонците.
Чави се уште размислува за поканата од Лапорта, кој очајно бара решение за наследник на Куман.
„Верувам дека ова не е најдоброто време за Чави. Во клубот има бесна војна која ги еродираше и повреди играчите. Тој е паметен и знае дека треба да го чека вистинскиот момент”, му порача Суарез.