Тешко дека Барди ќе игра со Лихтенштајн и Германија!

716

И покрај тоа што е на списокот на играчи на кои селекторот Благоја Милевски смета на натпреварите со Лихтенштајн и Германија, се чини дека сепак тешко дека Енис Барди ќе може да настапи.

Неговата повреда е загрижувачка…

Колку и да сме оптимисти, колку и да посакуваме Барди да биде со нас на претстојните октомвриски мечеви за пласман на СП во Катар 2022, сепак тешко дека ќе може да настапи. Од ден на ден шансите тој да игра се се помали. Познато е дека јас секогаш сум оптимист, но сега не сум“ потврди Благоја Милевски.

Сепак да се надеваме дека Милевски не е во право и дека Барди сепак ќе биде фит до 8 и 11 октомври.

ПретходноАнтисемитски испади на навивачите на Унион Берлин
СледноДиего Коста под истрага поради обложувалници!