АЕК Ларна е на добар пат да го запише третиот триумф оваа сезона во кипарскиот шампионат. На дерби дуелот против Аполон на гостински терен води со 0-3. Два од трите гола се ремек дело на македонскиот фудбалер, Иван Тричковски.
По погодокот на самиот старт на натпреварот од 5. коло, Тричко ја затресе мрежата на почетокот на вториот дел, поточно во 52. минута за водство од 0-3. Двата гола ги постигна во период од 48. минути.
Последниот погодок можете да го видите на следниот ЛИНК.
Македонскиот фудбалер го запиша шестиот погодок сезонава.