Откако вчера Наполи загуби дома од Спартак (М) со 3:2 во 2. коло од Лигата на Европа, тренерот на Наполи, Лучијано Спалети отиде да му честита на противничкиот тренер, но не знаеше точно кој е прв тренер на рускиот тим за да му пријде. Спалети прво дојде на клупата за да го побара гостинскиот тренер, па потоа му беше кажано дека Руи Виторија е тренерот со кој треба да се поздрави. Целата ситуација ја забележаа и камерите.
Spalletti non conosceva l’allenatore dello Spartak HAHAHAHHAHAHAHAH#NapoliSpartak#EuropaLeague pic.twitter.com/cURgXhNEiQ
— Il Fratello di Zielu (@zielulife2) September 30, 2021