Интер е шампион, и во Серија А, и во загубата

284

Екипата на Интер по цели 11 години минатат сезона ја освои шампионската титула во Серија А. Тоа е успех, но сепак, финансиската ситуација на клубот не е ни малку добра, напротив, е најлоша од целата лига.

Конкретно, Интер објави дека покрај рекордните приходи од 373,3 милиони евра, тие објавија и рекордна загуба во историјата на италијанскиот фудбал од 245,6 милиони евра. Овие бројки се додаваат на оние објавени во претходната кампања 2019/20, кога загубите изнесуваа 102,4 милиони евра. 

Тоа значи дека клубот има сериозен предизвик пред себе да се ивлече од оваа „дупка“ и да почне да работи профитабилно во периодот кој следува.

 

ПретходноТројца упасени за големиот инцидент со судиите во БИХ
СледноОливие Њокас во тимот на колото во ЛШ (ВИДЕО)