Трент Александар-Арнолд ќе мора да го пропушти големото англиско дерби овој викенд меѓу Ливерпул и Манчестер Сити поради повреда. Тој е второто стандардно име во првиот тим на Клоп кој нема да биде во составот за овој исклучително важен меч и за двата тима, откако „црвените“ веќе една недела се и без Тиаго Алкантара.
Дефанзивецот на „црвените“ доживеа повреда на препоните за време на тренинг во понеделникот и го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите во вторникот против Порто. Клоп откри дека 22-годишниот фудбалер нема да игра против Сити на „Енфилд“ и засега не е познато колку точно ќе му треба за комплетна рехабилитација.