Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, може да отсуствува од терените многу подолго отколку што првично се очекуваше. Последните прегледи покажаа дека бекот ќе мора да одмара уште најмалку две недели, но рехабилитацијата може да се оддолжи и до еден месец, пред да продолжи со вообичаените тренинзи.
Карвахал страдаше од повреди во текот на целата кариера. Минатата сезона тој пропушти 30 натпревари поради разни повреди. Иако се надеваше дека тешкиот период заврши, откако се врати на теренот кон крајот на август, очигледно проблемите не завршија.
Анчелоти ќе мора да го користи Начо Фернандез на позицијата десен бек, откако Едер Милитао и Давид Алаба се главен пар во центарот на одбраната.